Интер е во напредни преговори со Вест Хем за трансфер на напаѓачот Џанлука Скамака, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата не се снајде најдобро и имаше лоша сезона во Вест Хем.
„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач откако пропадна трансферот на Лукаку, а една од најголемите желби е токму Скамака.
Интер испрати понуда од 25 милиони евра која Вест Хем ја прифати, па двата клуба ги договараат последните детали околу бонусите и начинот на плаќање.
Скамака веќе има договор со Интер и се очекува во следните денови да пристигне на лекарски прегледи во Милано.
#Inter, #Scamacca si avvicina: le cifre del #WestHam per chiudere l'affare [@TramacEma] https://t.co/sQljxUY6VJ pic.twitter.com/FdMNb0e3IC
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 1, 2023