Дома Фудбал Италија Монтела под притсок – му се заканува отказ

Монтела под притсок – му се заканува отказ

Милан ова лето потроши огромни пари на засилувања и изгради нов тим, но челниците на клубот не се задоволни од резултатите на почетокот на сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После вчерашниот пораз од Сампдорија генералниот директор Марко Фасоне им упати јасна порака на Монтела и целиот тим дека овој тренд мора да се промени.

Милан во следните две кола во Серија А игра два дерби натпревари, против Рома и Интер, па доколку не освои бодови до директните конкуренти столчето на Монтела ќе се разниша.

Италијанските медиуми денес веќе почнаа да шпекулираат со неколку тренерски имиња, но од таборот на Милан побрза да ги демантираат написите и истакнаа дека му даваат комплетна доверба на стручниот штаб.

Целта на „росонерите“ оваа сезона е пласман во Топ 4 и излез во лигата на шампиони, па наредните дуели против Рома и Интер се од витално значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…