Дома Топ вести Барселона ќе добие само 25 милиони од трансферот на Дембеле

Барселона ќе добие само 25 милиони од трансферот на Дембеле

Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле му кажа ДА на ПСЖ и е пред трансфер во редовите на францускиот шампион.

Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ПСЖ е спремен да ја плати.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни беа прекинати.

Ударот за Барса ќе биде уште поголем, затоа што ќе добие само половина од отштетата. Имено, доколку клаузулата биде платена после 1-ви август, 25 милиони одат за Дембеле, а останатите 25 милиони евра се за Барселона.

ПСЖ веќе постигна договор со Дембеле и во следните денови ќе ја плати откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…