Дома Фудбал „Верати немаше ‘јајца’ да оди во Барса, сега нека трча со камили по пустина“

„Верати немаше ‘јајца’ да оди во Барса, сега нека трча со камили по пустина“

Поранешниот менаџер на Марко Верати, Донато Ди Кампли, очигледно не се разделил во добри односи со италијанскиот репрезентативец.

Де Кампли неодамна го обвини ПСЖ дека го натерале Верати намерно да го отпушти, а сега упати силна критика ко фудбалерот кој е пред трансфер во Саудиска Арабија.

„Работев на трансфер на Верати во Барселона. Немаше ‘јајца’ да донесе таква одлука поради платата во ПСЖ. Сега нека трча по пустината со камилите“, изјави Ди Кампли.

30-годишниот Италијаец е пред трансфер во Саудиска Арабија за годишна плата од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…