Дома Фудбал Џеко дебитираше за Фенербахче со гол и две асистенции во квалификациите за КЛ

Џеко дебитираше за Фенербахче со гол и две асистенции во квалификациите за КЛ

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на фантастичен начин дебитираше на официјален натпревар за Фенербахче.

Првиот настап го забележа во победата од 5:0 над молдавски Зимбру во 2. коло од квалификациите за пласман во групите од Конференциската лига.

Џеко веќе играше за Фенербахче и постигна голови, но само на подготовките на пријателските натпревари.

Вечерва првпат имаше можност да се покаже пред своите фанови и тоа успеа да го направи во најдобро светло. Тој постигна гол и додаде две асистенции.

Реваншот се игра за една недела во Кишињев, а веќе е јасно дека Фенербахче ќе игра во третото прелиминарно коло од Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Касемиро блеска во одбраната на Интер Мајами

Интер Мајами ја прекина серијата од пет натпревари без победа во МЛС, благодарение на нова…