Милан ова лето е многу активен на трансфер пазарот и веќе донесе неколку засилувања, а сега покажува интерес за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Милан веќе подолго време го следи македонскиот „дијамант“ и смета дека сега е вистинско време да го доведе на „Сан Сиро“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Минатото лето пристигна Чарлс де Кетеларе, кој се покажа како промашување, па „росонерите“ се спремни да го продадат и со тоа да го финансираат трансферот на Елмас.
Наполи за Елмас бара 45 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори.