Дома Фудбал Англија Арсенал ги понижи МЛС ѕвездите, гол постигна и Хаверц 🎥

Арсенал ги понижи МЛС ѕвездите, гол постигна и Хаверц 🎥

Aрсенал на стартот на американска турнеа дебтириаше со убедлива победa против избраната селекција од МЛС лигата.

Каи Хаверц откако добиваше критики (ТУКА), сега постигна гол. Мечот се играше во Вашинтон и ова е најубедлива победа на еден странски тим против саелекцијата од американската лига, мечот е традициционален и се игра скоро три децении, ривалите се менуваат.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Американците на чија клупа беше Вејн Руни беа во подредена положба во целиот натпревар, а сите пет удари на Арсенал во рамките од голот завршија во мрежата.

Жесус го отвори резултатот по пет минути, Тросар до крајот на полувремето ја зголеми предноста. Потоа Жоржињо во вториот дел погоди од пенал за 3:0, Мартинели се погрижи за четврти гол, за конечните 5:0 да ги постави Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најмала земја во историјата успеа да се квалификува за Светското првенство

КУРАСАО го освои местото како најмала земја во историјата која се квалификувала за Светско…