Дома Фудбал Италија Наполи и Јувентус испишаа историја во Серија А

Наполи и Јувентус испишаа историја во Серија А

Фудбалерите на Наполи и Рома последните неколку години оставаат се на теренот само да ја прекинат неверојатната доминација на Јувентус во италијанскиот фудбал, но за сега не беа успешни.

„Старата дама“ секогаш освојуваше титули на ист начин. Обично имаа три или четири бода предност во однос на Наполи или Рома, а некаде во декември би играле домашен натпревар против овие екипи и би ги победиле со 1:0 и на тој начин би направиле разлика од шест или седум бода и се би било готово.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, изгледа дека Наполи сега е сериозен конкурент. Екипата која од клупата ја води одличниот Маурисио Сари игра неверојатен фудбал. Можеме слободно да речеме дека Наполи во моментов го игра најубавиот и најинтересниот фудбал во Италија, но и пошироко. Сари во нападот има незапирливо трио – Каљехон, Мертенс и Инсиње и изгледа дека нив тројца ниту една одбрана не може да ги запре.

Наполи на шест натпревари од почетокот на оваа сезона постигна неверојатни 22 гола што е речиси четири гола по натпревар. Освен тоа, успеаа да ги победат сите 6 натпревари и се наоѓаат на првото место.

Сепак, „Старата дама“ без никаков проблем го испрати тоа темпо и исто така се наоѓа рамо до рамо со Наполитанците, но со послаба гол разлика. Овие две екипи испишаа историја во Серија А. Ова е прв пат две екипи од почетокот на сезоната да ги имаат сите шест победи во најсилниот ранг од италијанскиот фудбал. Во следното коло, Јувентус гостува против Аталанта, а Наполи го пречекува Каљари и се очекува да продолжи оваа серија во трката за титулата.

Овде вреди да се напоменат и екипите на Интер, Милан и Рома кои сигурно нема така лесно да се продадат и веројатно тајно во нивните табори се зборува за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Јувентус: Бремер во „аут“ до крајот на сезоната?!

Eкипата на Јувентус одлично ја започна новата сезона. „Старата дама“ се уште нема примено …