Дома Фудбал Останато Винисиус со емотивна порака до Менди: Твојот живот повеќе нема да биде ист

Винисиус со емотивна порака до Менди: Твојот живот повеќе нема да биде ист

Ослободувањето од обвиненијата за сексуален напад и силување на Бенжаман Менди предизвика многу реакции кај фудбалските ѕвезди.

Емотивна порака и испрати и ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус, кој изрази жалење за целата ситуација во која се најде Менди изминатиот период.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Многу ми е жал поради сето она што го помина. Изгуби две години од кариерата, но тоа е најмал пробел во овој момент. Што е со психолошката штета? Твојот живот сигурно нема да биде ист.  Културата на уништување на една репутација зема се поголем замав. До каде веќе ќе не обвинуваат и осудуваат без да имаме право на основна одбрана?“.

„Лажните вести кои се креираат без да се проверат претходно, мора да запрат. Тоа го почувствував и јас на своја кожа. Во денешно време нема пречки за собирање што повеќе кликови и реакции. Но моето основно прашање е што ќе се направи за да се спречи ваквата штета која ни се прави?“, истакна Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…