Хрватскиот тенисер Мате Павиќ ја освои титулата на Вимблдон во конкуренција на микс-двојки, а моментот на слава го искористи да го повика Иван Перишиќ да се врати во Хајдук.
Павиќ заедно со Људмила Киченок од Чешка беше најдобар во микс-двојки, додека од трибините неговиот меч го гледаше Перишиќ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На крајот од изјавата по освојувањето на трофејот, Павиќ му порача на Перишиќ дека е време да се врати во Хајдук.
„Би сакал да кажам уште една работа на хрватски. Иване, време е“, гласеше пораката на Павиќ.
Перишиќ на неговите зборови само се насмевна, а конечната одлука би требало да ја донесе наскоро. Во овој момент, Перишиќ е фудбалер на Тотенхем, меѓутоа се повеќе се зборува за враќање во Хајдук каде што ги помина јуниорскиот денови.
Mate Pavić feat. Ivan Perišić #vrimeje pic.twitter.com/sVbRpWGWQD
— Faramir (@PetrakVerner) July 13, 2023