Дома Македонски спорт Милевски добил „шут карта“ од ФФМ?!

Милевски добил „шут карта“ од ФФМ?!

Порталот „Спорт1“ повикувајќи се на извори блиски на Фудбалската федерацијата на Македонија објави дека селекторот Благоја Милевски добил отказ.

Во последниот квалификациски циклус Македонија претрпе два порази од Украина и Англија. Украинците со пресврт не победија во Скопје, додека Англија ни нанесе историски дебакл на „Олд Трафорд“ од 7:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играта на Македонија под водство на Милевски веќе подолг период не е за пофалба, а ниту резултатите, па поразот од Англија беше веројатно кулминација.

„Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот“, објави „Спорт1“.

Јавноста жестоко критикуваше по тој дебакл од Англија и бараше оставка од Милевски кој истакна дека и понатаму ќе биде селектор, а останува во наредните денови да видиме дали оваа вест ќе биде и потврдена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…