Дома Останати Кошарка Келнер го прашал Јокиќ дали ќе игра за Србија: Ако ми донесеш уште едно пиво, играм сигурно!

Келнер го прашал Јокиќ дали ќе игра за Србија: Ако ми донесеш уште едно пиво, играм сигурно!

Некогаш велат дека келнерите и таксистите ги имаат си информации, па сега српските медиуми повикувајќи се на ситуација од извесен ресторан тврдат дека Јокиќ ќе игра на Мундобаскетот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Србија е во исчекување на одлуката на Јокиќ дали ќе игра за својата земја на Светското првенство. За тоа време Јокиќ ужива во одморот, а беше и на рафтинг каде што очекувано веднаш беше забележан.

Освен тоа се објавува и наводен разговор на Јокиќ со келнер од ресторан.

Келнерот не успеал да се воздржи, па ја искористил приликата да го праша Јокиќ, дали ќе игра за Србија на Мундобаскетот, а одговорот на кошаркарот на Денвер бил во негов стил.

„Ако ми донесеш уште едно пиво, ќе играм сигурно!“.

Ваквата реакција придонела за воодушевување на сите присутни, а објавено е и видео на кое присутните го поздравуваат Јокиќ со. МВП, МВП, МВП…Додека тој се спушта со чамецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…