По долги преговори Стивен Џерард ја прифати понудата да биде тренер на Ал Етифак каде што настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џерард беше само едно од големите имиња кои се одлучија својата кариера да ја продолжат во оваа земја, а сега истакна дека според него првенството во Саудиска Арабија може да стане и најсилното во светот.
„Имам амбиции и ќе продолжам да го развивам клубот за лигата да ја направиме една од најдобрите во светот, можеби и најдобра. Навистинам сметам дека има потенцијал за такво нешто. Ал Етифак е клубот со чудесна историја и голема поддршка и тоа е важно. Мислам дека можеме да направиме сериозно добра работа“, изјави Џерард.