Дома Фудбал Останато Хендерсон: Не дојдов во Ал Етифак поради пари, сакам да играм фудбал на високо ниво

Хендерсон: Не дојдов во Ал Етифак поради пари, сакам да играм фудбал на високо ниво

Џордан Хендерсон е еден од фудбалерите кои летово ја напуштија Европа и се преселија во Саудиска Арабија.

Хендерсон ја прифати понудата од неговиот поранешен соиграч Стивен Џерард кој е тренер во Ал Етифак. Во Ал Етифак, Хендерсон доби седум пати поголема плата од онаа што ја добиваше во Ливерпул, но тврди дека во овој клуб не се преселил поради пари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Верувајте ми ако сакате, ако сакате не, но јас не дојдов во Ал Етифак поради пари. Сакам да играм фудбал на високо ниво и да бидам стандарден, токму поради тоа ја избрав оваа понуда. На трансферот во Саудиска Арабија гледам како на максимално позитивна работа во кариерата, не како чекор назад“, тврди поранешниот капитен на Ливерпул.

Хендерсон истакна и дека Ливерпул не покажал доволно желба да го задржи.

„Искрено сакав да останам, но сметам дека немаше таква желба од тренерот и управата. Во ниту еден момент додека течеа преговорите, не ми беше кажано дека сакаат да останам. Ми изгледаше како да сакаа да се ослободат од мене и такво чувство не посакувам на никој“, изјави Хендерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …