Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Талески стана третиот Македонец кој ќе игра за Бенфика!

Официјално: Талески стана третиот Македонец кој ќе игра за Бенфика!

Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески како и што се најавуваше е нов ракометар на португалска Бенфика.

Бенфика која го освои трофејот во Лигата на Европа пред две сезони го промовираше Талески за кого ова ќе биде нов голем предизвик кариерата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во новата сезона Бенфика ќе биде предводена од шпанскиот стратег Хота Гонзалес. Со потписот на португалскиот клуб, Талески станува третиот македонски ракометар кој ќе настапува за Бенфика.

Пред Талески дел од овој тим беа нашите двајца голмани, Никола Митревски и Борко Ристовски. Последните три сезони од кариерата, Талески ги помина во Вардар, а играше уште и за Металург, Рајн Некар Левен и Белинген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Не е само Трајков: Брера пред продажба и уште четири фудбалери за рекордна сума!

Тимот на Брера ја оствари целта која беше поставена и се избори за опстанок во најсилната …