Маурисио Покетино веќе започна да работи како тренер на Челзи и сака да создаде тим по своја мерка.
Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Покетино е неговиот сонародник Пауло Дибала, кој имаше одлична сезона во Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 12 милиони евра која е активна ова лето бидејќи „волчицата“ не обезбеди пласман во ЛШ.
Челзи сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе Аргентинецот на „Стефорд Бриџ“ за симболична сума.
Самиот Дибала е спремен за нов предизвик и играње во Премиер лигата, а Челзи му нуди двојно повисока плата.