Дома Фудбал Останато Серхио Рико повеќе не е на интезивна нега

Серхио Рико повеќе не е на интезивна нега

Шпанскиот голман, Серхио Рико (29) кој доживеа тешка несреќа при јавање коњ, денес е пуштен од одделот на интезивна нега во болницата во Севиља.

Рико повеќе не е на интезивна нега, но ќе остане во болница за да се следи неговата состојба.

Минатата недела семејството на Рико објави дека е свесен и дека комуницра. Шпанецот кон крајот на мај падна од коњ во Андалузија и заработи тешки повреди.

Во тешка состојба беше пренесен во болница и веднаш беше ставен на апарати за одржување во живот, а докторите за среќа успеаа да се изборат за неговиот живот. Рико во ПСЖ пристигна во 2019-та година од Севиља.

Како резерва на Донарума голот на клубот од Париз го чуваше на 14 натпревари, а една сезона помина на позајмица во Мајорка. Во текот на кариерата бранеше и во Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јамал откри што му кажал Мората пред натпреварот со Бразил

Ламин Јамал се присети на разговорот со Алваро Мората пред пријателскиот натпревар меѓу Шп…