Стивен Џерард кариерата ќе ја продолжи на клупата на Ал Етифак од Саудиска Арабија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Џерард најпрво ги одбиваше понудите од Саудиска Арабија, но потоа реши да ја прифати богатата поуда од Ал-Етифак.
Легендарниот Англичанец сега сака да донесе неколку ѕвезди во тимот, прв на листата желби е Алваро Мората.
Шпанецот е на излезна врата од Атлетико Мадрид и има неколку понуди од Европа, но саудискиот клуб му нуди неколку пати повеќе.
Ал Етифак веќе испратил богата понуда до неговиот агент, па сега се чека одговор од Мората, а Џерард ќе се обиде да го убеди да му се придружи во тимот.