Дома Останати Кошарка Teoдосиќ се поблиску до сензационален трансфер во Црвена Звезда

Teoдосиќ се поблиску до сензационален трансфер во Црвена Звезда

Легендарниот плејмејкер Милош Теодосиќ би можел да се пресели во Црвена Звезда, објавија дел од српските медиуми.

Теодосиќ и во изминатите години се поврзуваше со преселба во Црвена Звезда, а не би било чудно доколку тоа се случи пред почетокот на новата сезона.

Виртус Болоња го намали буџетот за следната сезона и тренерот на екипата призна дека не може да си дозволи да има кошаркари како Теодосиќ во тимот.

Ц. Звезда, од друга страна, вчера дозна дека и следната сезона ќе игра во Евролигата, па ова е одлична шанса за Теодосиќ да продолжи да игра на врвно ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ со магичен потег во НБА пресезоната

Јокиќ го воодушеви светот со неверојатен пас зад грб во пресезонската средба против Јута Џ…