Дома Фудбал Реал Мадрид го избра новиот капитен

Реал Мадрид го избра новиот капитен

Реал Мадрид со заминувањето на Карим Бензема доби и нов капитен, Французинот ќе биде наследен од Начо Фернандез кој беше заменик капитен додека Бензема го носеше дресот на „кралевите“.

Именувани се и замениците на Начо за претстојната сезона. Втор капитен ќе биде Лука Модриќ, трет Дани Карвахал, а четврти Тони Крос.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Начо е дете на Реал и целата своја кариера ја помина во Мадрид. Имаше само 11 години кога пристигна, додека на првиот тим се приклучи во сезоната 2010/2011. Во Ла Лига дебитираше на 23-ти април 2011 како лев бек против Валенсија на „Местаља“.

Вкупно одигра 319 официјални натпревари и освои 21 трофеј, вклучувајќи четири во Ла Лига и пет во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрсенал го претстави новото засилување од 12 милиони фунти – потпиша необично краток договор!

Сега веќе поранешниот капитен на Брентфорд, Кристијан Норогард, е најновото засилување за …