Дома Фудбал Тимот на колото во Примера: Меси, Заза и „кошмарот“ на „кралевите“!

Тимот на колото во Примера: Меси, Заза и „кошмарот“ на „кралевите“!

Петото коло во шпанската примера го обележија победите на Барселона и Валенсија, како и неочекуваниот пораз на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона на својот „Камп Ноу“ го декласира Еибар со 6:1, а четири погодоци во тој натпревар постигна Лионел Меси и со право доби „десетка“ од реномираниот портал „Whoscored“ според кој беше и играч на колото.

Чекор зад Аргентинецот беше напаѓачот од редовите на Валенсија, Симоне Заза кој постигна хет-трик во победата на Валенсија од 5:1 против Малага, тој доби оценка 9.8.

За голман на колото беше избран чуварот на мрежата на Реал Бетис и „кошмарот“ за Реал Мадрид и неговите напаѓачи, Антонио Адан кој успеа да ја сочува својата мрежа на „Бернабеу“.

Во продолжение погледнете како изгледа тимот на колото во шпанската Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…