Дома Фудбал Франција Меси: Во Париз некои луѓе почнаа да ме третираат поинаку

Меси: Во Париз некои луѓе почнаа да ме третираат поинаку

Лионел Меси по две сезони си замина од Пари Сен Жермен и за нешто помалку од еден месец, веројатно на 21-јули го очекува дебито за Интер Мајами.

Во Париз, Меси постигна 32 гола на 74 натпревари и освои две титули, но најголем дел од навивачите му испраќаа свирежи во последните натпревари и му ставија до знаење дека сака да замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во разговор за „Беин Спорт“, Меси го коментираше своето заминување.

„Некои луе почнаа да ме третираат поинаку, дел од навивачите во Париз. Мислам дека имаше и дел кој сакаше да останам, но дојде до конфликт со голема група и тоа не го сакав. Ми се случи тоа што им се случуваше и на Нејмар и Мбапе. Знам дека навивачите така се однесуваат“, објасни Меси.

„Ќе ги носам со себе убавите спомени од луѓето кои ме почитуваат и кои секогаш ги почитував од кога дојдов“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…