Дома Фудбал Германија Баерн разви план за трансфери: „Не сакаме платеници“

Баерн разви план за трансфери: „Не сакаме платеници“

Германскиот шампион Баерн е во потрага по нови играчи. Новиот извршен директор Јан-Кристијан Дрисен објаснува кои аспекти се најважни кога се во прашање трансферите.

Досега Баерн ги доведе Рафаел Гереиро и Конрад Лајмер, кои дојдоа како слободни играчи. Сепак, ова лето се очекуваат многу возбудувања кога е во прашање Баерн и нивното присуство на пазарот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот гигант се поврзува со многу играчи, бараат врвен напаѓач како Харј Кејн или Виктор Осимхен, бараат играч од средниот ред, а се чини дека ќе бидат потребни и засилувања во одбраната, особено сега кога е се повеќе сигурно дека Лукас Ернандез ќе замине во ПСЖ, додека клубот би можел да остане без уште еден дефанзивец Бенжамин Павард.

Но, какви атрибути треба да има еден играч за да ги носи боите на Баерн во иднина? Јан-Кристијан Дрисен, наследник на поранешниот извршен директор Оливер Кан, сега го коментираше ова во интервју за Bild am Sonntag.

„Тој мора да се идентификува со нас, со нашите вредности. Не сакаме платеници кои на секои две години одат во друг клуб. Потребни ни се играчи кои зрачат со енергија, кои даваат се од себе за Баерн и неговите навивачи“, рече 55-годишниот.

“Редовно се среќаваме и разговараме за имињата и контактите кои треба да ги интензивираме. Поминуваме низ поединечни позиции, Томас Тухел и Марко Непе ги изнесуваат своите идеи. Неопходно е Томас да биде дел од овој круг“, рече Дресен.

Покрај засилувањата, во преден план е уште една тема. Откако минатата сезона имаше критики за постапките на газдите на Баерн на различни теми, како што е разделбата со поранешниот тренер Јулијан Нагелсман, тимот од Минхен во иднина би требало повторно да настапува како целина.

„Прашањето на трансферите и составот на тимот има апсолутен приоритет. Вториот приоритет ми е подеднакво важен бидејќи се однесува на долгорочната перспектива и затоа сум тука. Да му вратам нешто на овој клуб, кој го опишувам како заедно – еден за друг: да одиме на работа со радост, да си веруваме, да ги направиме луѓето покомуникативни едни со други, да ги одржуваме вратите отворени. Со цел да му служи на Баерн и да го направи посилен. Mia san mia не е празна фраза, туку став“, јасно кажа тој.

Според некои поранешни ѕвезди на Баерн, тоа чувство „миа сан миа“ е изгубено во последните месеци. На пример, ТВ експертот Лотар Матеус изрази незадоволство од изгледот на неговиот поранешен клуб, а Бастијан Швајнштајгер го поддржа.

Останува да видиме дали „миа сан миа“ ќе заживее во наредните месеци и дали повторно ќе гледаме доминантен Баерн во Лигата на шампионите, бидејќи ретко кој може да му парира во Бундеслигата, без разлика што Борусија Дортмунд беше така блиску до прекин на доминацијата на Баварците минатата сезона, кои 11 пати по ред го освојуваа домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…