Според последните информации од Шпанија, Реал Мадрид во новата сезона ќе игра во формација 4-3-1-2 место досегашната 4-3-3, причината е доаѓањето на Џуд Белингем.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Белингем засега е најголемото засилување за Реал Мадрид во овој преоден рок, ќе видиме дали Мбапе летово ќе го облече дресот на „кралевите“. Ако Мбапе не пристигне летово, тогаш „АС“ тврди дека Реал во новата сезона ќе игра без класична „деветка“.
Во нападот би биле Винисиус и Родриго, а зад нив како плејмејкер Белингем. „АС“ и графички прикажа како би изгледал Реал во таква ситуација. Тони Крос кој го продолжи договорот, а и Модриќ од кого се очекува истото полека ќе добиваат се помалку минутажа и средината на теренот ќе се препушта на помладите.
