Дома Трансфер зона Агентот на Тонали откри детали од трансферот: Ова беше понуда која не се одбива

Агентот на Тонали откри детали од трансферот: Ова беше понуда која не се одбива

Aгентот на Сандро Тонали, Џузепе Рисо зборуваше за трансферот на фудбалерот од Милан во Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тонали и се расплака кога дознал за заминувањето од Милан (ТУКА), но Рисо потенцира дека ова било понуда која не може да се одбие.

„Тешко е да одбиете така голема понуда, тешко е и за играчот и за клубовите. Тонали ги договори сите услови и двата клуба го финализираа трансферот. Неговиот договор ќе биде во трајност од шест години. Станува збор за одличен договор, Њукасл е перфеткен тим за Тонали и го сакаше како клучен играч по секоја цена“, изјави Рисо.

Покрај Милан корист од трансферот ќе има и Бреша бидејќи имаат намалување на таксата за продажба како дел од нивната првична продажба на Милан за 19,5 милиони евра во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…