Дома Фудбал Италија Јувентус почна преговори со УЕФА, спремен да се откаже од играње во Европа

Јувентус почна преговори со УЕФА, спремен да се откаже од играње во Европа

Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и сега клубот може да биде исфрлен од европските натпреварувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според „Газета дело Спорт“, УЕФА ќе го суспендира Јувентус од европските натпреварувања најмалку на една година.

Поради тоа раководството на „бјанконерите“ започнало преговори со челните луѓе на УЕФА за „спогодба“ да ја прифати суспензијата без жалба, но таа да важи за наредната сезона па Јувентус да се откаже од играње во Конференциската лига.

Реално Јувентус не е заинтересиран за играње во Коференциската лига, а стравува дека казната ако биде изречена после септември ќе важи за сезоната после неа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…