Дома Фудбал Германија Мукоко: Кога ќе победиме сме Германци, а кога ќе изгубиме „мајмуни“

Мукоко: Кога ќе победиме сме Германци, а кога ќе изгубиме „мајмуни“

Mладиот германски репрезентативец, Јусуфа Мукоко ги осуди расистичките навреди упатени кон него и Џесик Нганкаму откако двајцата промашија пенали во вчерашниот натпревар против Израел на Европското првенство до 21 година кој заврши 1:1.

„Ако победиме сме Германци, когаќ е ќе изгубиме тогаш не нарекуваат мајмуни. Џесик беше навредуван, јас бев навредуван…Таквите работи едноставно не се добри за фудбалот“, изјави 18-годишниот Мукоко кој е роден во Камерун, а е член на Борусија Дортмунд.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не промашуваме намерно, се обидуваме да помогнеме на екипата. Кога ќе добиете такви пораки, тоа е одвратно“, истакна Мукоко кој не се сретна првпат со расистички испади насочени кон него и соиграчите.

Во одбрана на своите играчите застана и селекторот на Германија, Антонио Ди Салво.

„Мора да постои казна. Ова е апсурдно. Тоа се момци кои сакаат да играат за Германија, кои се Германци и кои даваат се за оваа земја. Било каков расизам и дискриминација е навистинса ниско ниво, тоа не е прифатливо“, изјави Ди Салво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…