Дома Трансфер зона Реал го купува „турскиот Меси“

Реал го купува „турскиот Меси“

Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата за младата ѕвезда на Фенербахче и турската репрезентација, Арда Гулер.

18-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски клубови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој оваа сезона постигна 6 гола и 7 асистенции, скаутите веруваат дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал, а веќе го доби и епитетот „турскиот Меси“.

Тој во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.

Милан и ПСЖ веќе подолго време преговараат со неговиот агент, но Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Откупната клаузула не е проблем, а Реал му нуди и бонус од 8 милиони евра на семејството на Гулер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гринвуд блеска, Јунајтед не го сака: Серија А следна дестинација?

Мејсон Гринвуд (22) го направи потегот на кариерата кога по обвинувањата за силување и нас…