Дома Македонски спорт Игор Алексовски потпиша нов договор со Работнички

Игор Алексовски потпиша нов договор со Работнички

Македонскиот репрезентативец Игор Алексовски останува верен на Работнички. Тој денеска го продолжи договорот со клубот за дополнителни 18 месеци.

Останувањето на Алексовски ќе донесе сигурност и цврстина во одбраната, а Работнички и во наредниот период ќе има квалитетно решение на голманската позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Среќни сме што ќе го имаме Игор Алексовски во тимот и во наредниот период. Неговото останување беше еден од приоритетите на клубот, тој треба да биде една од клучните фигури во тимот што треба да го врати Работнички при самиот врв на македонскиот фудбал.

Ќе работиме на уште неколку засилувања на составот за да бидеме подготвени за новата сезона во која треба да се бориме за највисок пласман“, изјави претседателот Драган Поповски.

Минатата сезона Игор Алексовски имаше 27 настапи за Работнички во македонскиот шампионат, а досега има два настапи и во најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…