Дома Македонски спорт Мак ракомет Познати противниците на младите ракометари за пласман на СП

Познати противниците на младите ракометари за пласман на СП

Македонските ракометари до 21 година ги добија противниците преку кои, на домашен терен, ќе се обидат да изборат пласман на Светското првенство во Алжир.

Квалификациските групи за пласман на младинскиот Мундијал беа извлечени во седиштето на ЕХФ. Македонија пласманот во Алжир ќе се обиде да го избори во конкуренција на Полска, Португалија и Турција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија ќе биде домаќин на квалификациската Група 3, а натпреварите ќе се играат од 6 до 8 јануари наредната година.

Пласман на Мунијалот во Алжир ќе изборат само победниците на квалификациските групи.

Група 1: Холандија, Русија, Италија, Летонија
Група 2: Данска, Шведска, Романија, Бугарија
Група 3: Полска, Португалија, Македонија, Турција
Група 4: Словенија, Словачка, Украина, Косово
Група 5: Исланд, Србија, Литванија, Грција
Група 6: Унгарија, Чешка, Австрија, Црна Гора
Група 7: Швајцарија, Израел, Фарски Острови, Финска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Струга на три кола пред крајот се раздели со тренерот Дуро

Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на …