Репрезентацијата на Шпанија во Ротердам ја победи Хрватска на пенали и ја освои Лигата на нации, а синоќа се прослави златото во Мадрид.
Неколку играчи на Шпанија излегоа пред толпата во WiZink центарот за да и се обратат на публиката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карвахал, Хесус Навас, Мората, Фабијан, Жорди Алба, но и младиот играч за врска на Барселона Гави, кој мораше да се соочи со еден од најлошите моменти во кариерата, ги споделија своите впечатоци со навивачите.
Како и останатите соиграчи, така и младиот фудбалер на Барса најдобронамерно и се обрати на публиката на стадионот – да им се заблагодари за поддршката.
Сепак, на негово изненадување и на изненадување на сите присутни фудбалери зад него, дел од јавноста почна да пее навредливи песни за Барселона и да го исвиркува.
Гави, не знаејќи што да прави во тој момент, сакаше да заврши што е можно поскоро.
“Добар ден, ќе бидам краток. Би сакал да им се заблагодарам на сите Шпанци и навивачите кои не бодреа на овие два натпревари. Без нив тоа немаше да биде можно. Да живее Шпанија”, изјави Гави.
Многумина веруваат дека ова може да остави трага на иднината на Гави во шпанската репрезентација, бидејќи тој се уште е 18-годишник на кој навистина му е потребна поддршка, а не вакви моменти.
The WiZink centre (Real Madrid's basketball stadium) chanting 'Pu** Barça' while Gavi was giving a speech during Spain's Nations League celebrations.
— BarçaTimes (@BarcaTimes) June 19, 2023
Peaks of ugly behavior. Torturing an 18 year old kid during your own national team's success. 🤮👎🏻pic.twitter.com/Mbdl0wKMaj