Дома Фудбал Гласајте за Елмас: Ремек-делото на „дијамантот“ во конкуренција за гол на колото!

Гласајте за Елмас: Ремек-делото на „дијамантот“ во конкуренција за гол на колото!

Репрезентацијата на Македонија беше поразена од Украина со 2:3 во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство, а нашиот втор гол кој беше дело на Елмас влезе во конкуренција за гол на колото.

Елмас со мајсторски удар од далечина го матираше украинскиот голман за водство од 2:0, за жал во вториот дел примивме три гола и Украина со пресврт ги освои важните три бода.

Конкуренти на Елмас се: Ранос со голот за Ерменија, Бернардо Силва со елегантниот погодок против Босна и екс-вардарецот Јасир Асани кој беше стрелец за Албанија против Молдавија.

Својот глас можете да го дадете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 3:0: Ла Лига ни одмага, а Расинг се жали за сè

Реал славеше кај Расинг, но Мурињо имаше забелешки за густиот распоред и јасен став за пон…