Дома Фудбал Репрезентации Шок за Белгијците: Куртоа ја напуштил репрезентацијата?!

Шок за Белгијците: Куртоа ја напуштил репрезентацијата?!

Во саботата репрезентацијата на Белгија одигра 1:1 против Австрија, а по овој натпревар се случила една неверојатна ситуација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа одлучил по овој дуел да си замине дома, а не во тренинг кампот со останатите репрезентативци. Белгиските медиуми известуваат дека тој се разочарал затоа што не бил капитен.

Кевин Де Брујн беше отсутен, па така требало да има два капитени за дуелите со Австрија и Естонија. На натпреварот со Австрија, капитен беше Лукаку, додека Куртоа требало да ја носи капитенската лента со Естонија.

Но, одличниот голман не бил задоволен од одлуката и си заминал. Овва секако може да биде проблем во репрезентацијата затоа што Куртоа важи за еден од најважните во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…