Дома Топ вести Мбапе се огласи и стави крај на шпекулациите

Мбапе се огласи и стави крај на шпекулациите

Мбапе реши да стави крај на гласините и во интервју за „Телефут“ потврди дека следната сезона ќе игра во Пари Сент Жермен.

Се крена голема прашина околу иднината на Мбапе, откако тој со писмо го извести ПСЖ дека нема намера да го продолжува договорот кој му истекува следното лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Останувам во ПСЖ, тоа ми е важно поради Европското првенство. Одлука за продолжување на кариерата ќе донесам само за една година, летото 2024 година. За една година може многу да се случи, особено во клуб како ПСЖ“, изјави Мбапе.

Француските медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да го продаде ова лето за да не го загуби следната година без обештетување, но токму тоа е желбата на Мбапе, да замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…