Интер одлучи да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби од Лацио, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.
Дефанзивецот одигра одлична сезона, па Интер сака да го задржи и почнал преговори со Лацио.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе плати 2,5 милиони евра за да го откупи 35-годишниот дефанзивец.
Лацио првично бараше 4 милиони евра, но Интер успеа да ја намали цената преку преговори.