Дома Фудбал Англија Официјално: Помошникот на Гвардиола ќе го враќа Лестер во Премиер лигата

Официјално: Помошникот на Гвардиола ќе го враќа Лестер во Премиер лигата

Тимот на Лестер има сезона за заборав, во која испаднаа во Чемпионшип и во наредната ќе имаат за цел експресно да се вратат во друштвото на најдобрите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред почетокот на подготовките тие назначија и нов тренер, а тоа е Енцо Мареска. Италијанецот кој има 43 години доаѓа од редовите на шампионот на Европа и тоа како најблизок соработник на Пеп Гвардиола.

Неговиот договор со Лестер е до 2026 година и веднаш ќе започне со припремите на екипата.

Мареска минатото лето се врати во Манчестер Сити по едногодишната епиозда во Парма која не успеа да ја врати во Серија А. Претходно го водеше вториот тим на Сити со кој ја освои младинската Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дебакл на Мундијалот предизвика вистински земјотрес: Стигна првата голема последица!

Вториот дел од натпреварувањето на Мундијалот започна со натпреварот што синоќа го одиграа…