Македонија за жал не успеа да слави денес против Украина и бевме поразени со 2:3, иако на полувремето водевме со 2:0.
Селекторот Благоја Милевски овој натпревар го гледаше од трибините поради црвениот картон против Малта, па на прес-конференцијата денес зборуваа капитенот Стефан Ристовски и помошник тренерот Роберт Стојановски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одигравме одлично прво полувреме, а во второто ни се случи класичен македонски менталитет. Во иднина ако сакаме нешто да направиме, мораме да промениме некои работи. Не завршува натпреварот, ако противникот дојде до 2:1, таа тактичка дисциплина мора да се промени.
Имаме шанси, ова е само втор натпревар (трето коло). Ова секако е голем удар, не е лесно кога ќе изгубиш ваков натпревар. Тажни сме и тоа се гледа по мене и по цела соблекувалната. Кога гледам во цела соблекувална, желбата беше огромна, па сметам дека ќе извлечеме еден ден поуки од овие натпревари. Сега ни следи Англија, одиме да се надигруваме. За некои наши фудбалери ова беше прв натпревар по три-четири месеци“, изјави Ристовски.
Стојановски смета дека проблем е и овој термин на натпревари по завршување на сезоната.
„И честитам на Украина иако сметам дека не заслужија да победа. Очигледно терминот за овие натпревари, не ни одговара, имавме проблеми и минатата година во овој период.. Нашите момци прикажаа една тактички зрела игра, додека во второто полувреме физичкиот дел ни направи посериозни проблеми, па на тоа се должи и падот во играта“, смета Стојановски,
Македонија за три дена ја очекува тежок натпревар против Англија на гости во Манчестер на „Олд Трафорд“.