Дома Фудбал Репрезентации Потрес во Украина на денот на натпреварот со Македонија: Уапсен претседателот на федерацијата!

Потрес во Украина на денот на натпреварот со Македонија: Уапсен претседателот на федерацијата!

Toкму на денот на натпреварот против Македонија, првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко заврши зад решетки.

Украинските медиуми објавија дека Лавов е обвинет за проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Информациите се дека тој добил притвор од 60 дена и нема можност за кауција, сместен е во истражен затвор во Украина.

Во целиот случај обвинет е и генералниот секретар на организацијата, Јуриј Записоцки.

Ќе потсетиме, Македонија и Украина играат вечерва од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …