Дома Фудбал Четири црвени картони во големото дерби, хаос на трибините и прекин пред самиот крај

Четири црвени картони во големото дерби, хаос на трибините и прекин пред самиот крај

Месецот јуни е резервиран за репрезентативни акции, а жестоко беше и во полуфиналето на Лигата на нации во зоната Конкакаф, каде се сретнаа големите ривали САД и Мексико.

САД победија со 3:0, односно тој резултат беше на сила до 89. минута, кога судијата Бартон од Салвадор реши да го прекине натпреварот.

Прекинот дојде по навредите на домашните навивачи кои наводно биле хомофобични скандирања.

Споменатата ситуација можете да ја погледнете ТУКА.

Натпреварот се одигра во многу остра и груба игра со многу нервоза, а беа прикажани четири црвени картони.

Двоен стрелец за САД беше Пулишиќ во 37. и 46. минута, а погоди и Пепи во 79. минута.

За жал, средбата ќе остане запаметена по прекинот, скандирањето и многу нервозната игра.

Во финалето на Лигата на нации во Конкакаф, САД ќе играат против Канада, која во полуфиналето беше подобра од Панама со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феран Торес се пресели во Париз, но едно нешто не успеа да го земе со себе: „Многу ми недостига!“

Феран Торес откри една интересна страна од неговиот живот по преселбата од Барселона во Па…