Дома Трансфер зона Баерн Минхен ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Баерн Минхен ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин е мета на многу европски гиганти и се очекува голема битка за неговиот потпис.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кореецот во договорот со Наполи има откупна клаузула од 60 милиони евра, која неколку клубови се спремни да ја платат.

До пред неколку дена се тврдеше дека Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис, но Баерн Минхен се вклучи сериозно во трката.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Баварците се во напредни преговори со Ким и се спремни да ја платат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…