Дома Фудбал ЕСПН: Гвардиола се одлучи за нова работа по заминувањето од Сити

ЕСПН: Гвардиола се одлучи за нова работа по заминувањето од Сити

ПЕП ГВАРДИОЛА (52) испиша историја како четврти фудбалски стручњак кој освоил најмалку три титули во Европскиот куп или во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гвардиола ги освои првите две европски титули со Барселона во 2009 и 2011 година, а сега тоа му успеа со Сити.

Гвардиола е на чело на Сити од 2016 година и оттогаш освои пет титули во Премиер лигата, два ФА купа, четири ЕФЛ купови, два Комјунити Шилдс и една Лига на шампиони.

ЕСПН пишува дека Гвардиола ќе го напушти Сити кога неговиот договор ќе истече во летото 2025 година.

Истиот извор додава дека шпанскиот стручњак ќе го води Сити уште две сезони, а потоа ќе се посвети на селекторската работа.

Претходно беше поврзуван со преземање на Бразил, но остана во клупскиот фудбал. Во својата кариера ги водеше и Барселона Б, Барселона и Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …