Поранешниот сопственик на Милан од најславните денови, Силвио Берлускони, кој пред неколку години ја презема Монца и со него на чело клубот за првпат за игра во Серија А, почина денес во болница во Милано.
Пред неколку дена тој беше примен во болницата Сан Рафаело, а имаше проблеми со инфекција поврзана со хронична леукемија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Берлускони беше прв човек на Милан од 1986 до 2017 година и во тој период „росонерите“ ги имаа најголемите успеси во својата историја.
Откако го продаде Милан, година ипол подоцна одлучи да се врати во фудбалот купувајќи ја Монца која во тие моменти играше во Серија Ц. Многу брзо од Монца создаде квалитетен тим кој стигна и до Серија А каде што сезонава заврши на 11-тата позиција.
Берлускони почина на 86-годишна возраст, а освен што беше активен во спортот, тој беше и италијански премиер, функција која ја извршуваше од 1994 до 2011 година.