Дома Фудбал (Фото) Нема пауза од четири месеци, Дембеле многу побрзо се враќа на терените?

(Фото) Нема пауза од четири месеци, Дембеле многу побрзо се враќа на терените?

Најскапото засилување на Барселона, Осман Дембеле, имаше лоша среќа и се повреди на својот прв натпревар како стартер во дресот на Барселона.

Да потсетиме, Дембеле се повреди во натпреварот против Гетафе после само нешто повеќе од дваесетина минути игра во првиот дел. Фудбалерот кој ова лето пристигна од Борусија Дортмунд заработи повреда на задната ложа, па мораше да замине на итна операција во Финска.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првите прогнози беа дека Дембеле од терените ќе отсуствува четири месеци, така и соопштија од Барселона. Но, фудбалерот преку својот Инстаграм профил објави слика под која испрати порака дека на терените се враќа за само два месеци.

Оваа информација од клубот сеуште не ја потврдиле, но со оглед на тоа дека доаѓа од самиот фудбалер, можеме да му веруваме и ова се фантастични вести за сите фанови на каталонскиот гигант.

❤️❤️❤️ #viscabarca #bientotderetour #plusdecrochet? #jarrivedans2mois✌?

A post shared by @o.dembele7 on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен избра каде ќе игра во иднина

Виктор Осимен, кој го бараат бројни клубови, претпочита да остане во Галатасарај и го инфо…