Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси (35) синоќа потпиша за Интер Мајами со што им ги скрши срцата на многу Каталонци.
Откако му истече договорот со ПСЖ, Меси беше мета на неколку клубови. Во игра беа Ал Ахли (Саудиска Арабија), Интер Мајами (САД) и неговиот поранешен клуб Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чинеше дека Меси може и покрај финансиските проблеми на Барса да се врати на Камп Ноу, тој самиот го сакаше тоа, но на крајот замина во Мајами.
„Донесов одлука да одам во Мајами. Се уште не е сè договорено, некои работи остануваат, но јас се решив на тој чекор. Идејата беше дека ако не се вратам во Барселона, ќе ја напуштам Европа, ќе се оддалечам од центарот на вниманието на големите стадиони и ќе се посветам на моето семејство“, неговите зборови ги пренесува Фабрицио Романо.
Се очекува Интер Мајами да донесе уште неколку ѕвезди, а на мета наводно се пријателите на Меси и поранешните соиграчи Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Уругваецот е во бразилски Гремио, другите двајца од неодамна се слободни.
Интересно е што синоќа Барселона се огласи за заминувањето на Меси во Интер Мајами и се однесуваше навистина џентлменски.
„Во понеделник, на 5 јуни, Хорхе Меси, таткото и претставникот на играчот, го информираше претседателот на клубот Жоан Лапорта за одлуката на играчот да му се приклучи на Интер Мајами, и покрај тоа што беше претставенпредлогот од Барса, со оглед на желбата и на Барселона и на Лионел Меси повторно да го облече нашиот дрес.
Претседателот Лапорта ја разбра и ја почитуваше одлуката на Меси да се натпреварува во лига со помалку барања, далеку од центарот на вниманието и притисокот на кој беше изложен во последните години.
И Жоан Лапорта и Хорхе Меси, исто така, се согласија да работат заедно за да промовираат соодветна почит од навивачите на Барса во чест на фудбалерот кој беше, е и секогаш ќе биде сакан од Барса.