Дома Фудбал Барселона играше пријателски натпревар против Висел Кобе – се беше во знакот на Иниеста 🎥

Барселона играше пријателски натпревар против Висел Кобе – се беше во знакот на Иниеста 🎥

Фудбалерите на Висел Кобе и Барселона денес одиграа пријателски натпревар кој воедно беше и последен за Андрес Иниеста во дресот на јапонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој натпревар беше договорен од поодамна за на крајот на сезоната, а Чави ја искористи приликата да им даде шанса на дебитантите од Барса Атлетик и фудбалерите кои не играа многу во текот на сезоната.

Најдобро се покажа Пабло Торе кој беше двоен асистент во 16-тата и 19-тата минута. Прво маестрално го проигра Кеси кој погоди за 1:0, а потоа од корнер го пронајде Ерик Гарсија кој погоди за 2:0.

Можеше да видиме и многу повеќе голови според шансите на двете страни, но резултатот не се промени во вториот дел.

Сепак резултатот на оваа средба беше во втор план, се беше во знакот на Андрес Иниеста. Пред натпреварот Иниеста се сретна со Чави и фудбалерите. На тренот беше до 81-та минута кога беше заменет и доби овации од целиот стадион.

Според досегашните најави, Иниеста нема да ја заврши кариерата и има понуди од МЛС лигата и Блискиот Исток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …