Дома Фудбал Останато Ерлинг Халанд е добитникот на „Златната копачка“ за сезоната 2022/2023

Ерлинг Халанд е добитникот на „Златната копачка“ за сезоната 2022/2023

Заврши сезоната на европската фудбалска сцена во најсилните првенства. Во Серија А преостанува уште да се одигра бараж натпреварот помеѓу Специја и Верона за опстанок во најсилното друштво (ТУКА), но тоа нема да промени ништо кога во прашање е добитникот на „Златната копачка“.

Напаѓачот на Манчестер Сити од самиот почеток на сезоната се наметна како прв фаворит за оваа награда и на крајот успеа и да ја освои.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Халанд постигна 36 гола и зад себе го остави Хари Кејн со 30 гола.

На третата позиција заврши Килијан Мбапе со 29 гола, потоа следи Лаказет (27), Осимен (26), Дејвид (24)…

Енер Валенсија од Фенербахче постигна 29 гола, но тој е подолу на листата со 43.5 бода бидејќи головите во Турција се множат со 1.5 коефициент, додека во топ 5 првенства со два.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…