Карим Бензема одлучи да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната. Неговата одлука изненади многумина, меѓу кои и тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти.
Реал Мадрид вчера ја официјализираше информацијата дека Карим Бензема ќе го напушти клубот, односно дека одлучил да не го продолжи договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓу другите, изненаден беше и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Тоа го откри синоќа по натпреварот против Билбао.
„Бензема утрово ни кажа за неговата одлука да си замине, тоа беше сосема неочекувано. Неговото заминување е изненадување за нас, сега треба да размислиме што треба да направиме“, рече Анчелоти и додаде:
„Ни требаат напаѓачи и таму ќе донесеме засилување. Сакаме напаѓач кој може да постигнува голови и е добар во комбинација. Значи напаѓач кој може да игра добар фудбал.
Бензема синоќа го постигна својот последен гол во дресот на Реал во ремито против Атлетико. Тој погоди во 72. минута од пенал за конечни 1:1, а потоа веднаш ја напушти играта и доби овации од публиката.
Што се однесува до замената, целта на Реал Мадрид е да го доведе Хари Кејн од Тотенхем, како и уште еден играч кој моментално престојува во Лондон.
Тоа е фудбалерот на Челзи, Каи Хаверц. Објави Билд, а АС ја пренесе веста дека Реал Мадрид веќе подготвил „мега понуда“ за германскиот репрезентативец кој нема ништо против преселба во Реал Мадрид.
Точната сума не се споменуваше, но се чини дека трансферот би можел да се реализира за околу 60 милиони евра колку што е цената на Хаверц според Transfermarkt.