Ова беше последен натпревар на Лучијано Спалети како тренер на Наполи, кој се повлекува по исклучително успешната сезона.
Одличните сцени од прославите на Наполитанците го обиколија целиот свет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фудбалерите на Наполи, новиот шампион на италијанската Серија А, во последниот настап сезонава пред своите гледачи го совладаа идниот второлигаш Сампдорија со 2-0.
Наполи отпорот на гостите успеа да го скрши во вториот дел. Во 64. минута Виктор Осимхен од белата точка погоди за 1-0. Тоа беше 26. лигашки гол за нигерискиот напаѓач, потврдувајќи го неговиот статус на најдобар стрелец во сезоната во Серија А.
Конечните 2-0 ги постави Аргентинецот Симеоне, кој во 85. минута постигна одличен гол од 20 метри, со што овозможи да започне големата забава на стадионот Диего Армандо Марадона.
На крајот шампионот Наполи оваа сезона собра дури 90 бодови, односно шеснаесет повеќе од Лацио кој го освои второто место.
Ова беше последен натпревар на Лучијано Спалети како тренер на Наполи, кој ја напушта функцијата по исклучително успешната сезона.
Нашиот репрезентативец Елиф Елмас имаше значајна улога во тимот на Наполи и сезоната ја заврши со шест гола и на нив додаде уште три асистенции.
Napoli lift the Serie A trophy for the first time in 33 years! 🏆🇮🇹 pic.twitter.com/NEhZyQn8Wi
— Football on BT Sport (@btsportfootball) June 4, 2023