Дома Фудбал Германија Игра како во најдобрите денови: Геце потпиша нов договор

Игра како во најдобрите денови: Геце потпиша нов договор

Германскиот фудбалер и херој на оваа репрезентација од Мундијалот во 2014 година, Марио Геце потпиша нов договор со Ајнтрахт Франкфурт со важност до 2026 година.

Геце минатото лето пристигна во Ајнтрахт од редовите на ПСВ и веднаш стана незаменлив во стартниот состав на тренерот Оливер Гласнер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со своите настапи Геце потсети на најдобрите денови кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд. Искусниот 30-годишен играч за врска одигра 45 натпревари за клубот од Франкфурт во сите натпреварувања, постигна три гола и подели три асистенции.

Најголемиот успех во кариерата Геце го направи во таа 2014 година кога со својот гол во финалето и донесе светска титула на Германија. Покрај Борусија и ПСВ, го носеше и дресот на Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Немаше спиење за фудбалерите на Реал Мадрид во Минхен!

Тимот на Реал Мадрид вечерва ќе се обиде да го надомести дефицитот од еден гол во Минхен и…