Хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол (21) летово би можел да стане најскапиот дефанзивец во светот.
Феноменалниот играч на РБ Лајпциг е посакуван од Манчестер Сити кој е подготвен да плати неверојатни 100 милиони евра за неговите услуги.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јошко Гвардиол веќе неколку години игра врвен фудбал. 21-годишникот се истакнува во дресот на РБ Лајпциг, но и во дресот на хрватската репрезентација.
Феноменалните настапи може да му донесат на Гвардиол огромен трансфер ова лето. Лесно може да се случи тој да стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Манчестер Сити сака да го види Хрватот во своите редови. Менаџерот на Граѓаните Пеп Гвардиола е голем љубител на играта на овој 21-годишен фудбалер и ќе направи се за да го донесе во своите редови.
Да се направи се значи да се платат 100-те милиони евра што РБ Лајпциг ги бара за неговите услуги. Немаат намера да ја намалат цената, но Сити има доволно пари да ја заврши работата кога сака.
Па така, Гвардиол летово би можел да стане најскапиот дефанзивец досега, а треба да се истакне дека покрај англискиот шампион се поврзуваше и со Реал Мадрид, тимот за кој навива.
Да потсетиме, актуелен рекордер како најскап дефанзивец во светот е играчот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, за кого „црвените ѓаволи“ платија неверојатни 87 милиони евра на Лестер во 2019 година.